Тројца мотивирани ученици и прекрасна наставничка од основното училиште „Блаже Конески“ од Прилеп ни покажаа колку големи работи можат да се постигнат кога ќе се стекнат нови знаења. Тие направија прототип на систем за заштита на животите на возачите на камиони со помош на микробит уредот.
За повеќе интересни приказни од нашите училишта, посетете ја нашата веб страница: bit.ly/sucess-stories-northmacedonia
„Училишта на 21 век“ е амбициозна тригодишна програма за образование во вредност од 10 милиони фунти, дизајнирана и спроведена од Британскиот совет и финансирана од Владата на Велика Британија.