Љубопитноста го победи првичниот страв од програмирањето и сега имаме неверојатна група од петтоодделенци во ОУ „Тодор Ангелевски“ кои користат микробит уреди за сите свои предмети. Младите ученици од ова училиште во Битола уживаа да откријат што може да направи овој мал, но моќен уред и ја инспирираа нивната учителка Весна Гагаловска да учи со нив.
За повеќе интересни приказни од нашите училишта, посетете ја нашата веб страница: bit.ly/sucess-stories-northmacedonia
„Училишта на 21 век“ е амбициозна тригодишна програма за образование во вредност од 10 милиони фунти, дизајнирана и спроведена од Британскиот совет и финансирана од Владата на Велика Британија.